33 амандмани за следење на комуникации, власта и опозицијата се договорија да нема заменик-директор на ОТА, а обвинителот да контролира кој зема мета-податоци

Реформските закони за следење на комуникации и за оперативно-техничка агенција ОТА денеска со вкупно 33 амандмани беа изгласани на матичната собраниска комисија за одбрана и безбедност. За новиот закон за следење на комуникации беа поднесени 22 амандмани на првичниот текстот, додека за законот за ОТА имаше 11 амандмани.

Иако беа изгласани без опозицијата, амандманите беа предложени од пратеници од сите политички партии во Собранието меѓу кои како предлагачи беа и две пратенички од ВМРО-ДПМНЕ.

Со измените, укината е позицијата заменик директор на ОТА, а зацврстена е техничката улога на ОТА како посредник за законско следење на комуникации.

Во иднина државата, а не како досега операторите ќе ја набавуваат опремата за посредување односно врската меѓу телекомуникациските оператори и ОТА .

Најголемата измена е направена со релиси целосно укинување на усна наредба за следење на комуникации, односно јавниот обвинител или надлежниот судија мора да изготват писмена наредба во најкус можен рок за да се спречи злоупотреба.

Зајакната е и надзорната улога на обвинителот при барање на мета-податоци з адвижење на мобилните телефони, откако претходното решение без никаква контрола беше критикувано од експертите.

Не се сменети ниту поништени критикуваните мерки кои предвидуваат тонско и филмско снимање на отворено и во затворени простории или монтирање на опрема за следење на комуникации во објекти.

Реформските закони за прислушувањето се првите измени кои заеднички ги подржаа и власта и опоаицијата, а можно е на пленарна седница да се најдат уште во четврток со што ќе биде фатен и рокот од планот 3-6-9.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ