Илјадници верници и гости ги исполнија храмовите во балканскиот Ерусалим

Илјадници верници и гости кои продолжениот празничен викенд го поминуваат покрај Охридското Езеро, синоќа ги исполнија храмовите во балканскиот Ерусалим, кој според преданијата им 365 цркви, по една за секој ден во годината. Традиционално централната богослужба по повод празникот Велигден се одржа на Плаошник.

Сместувачките капацитети во Охрид за Велигденските празници се повеќе од солидно исполнети, што според туристичките работници е добра најава за главната сезона која претстои.

Охрид за Велигден се капе во сонце. Градот е раздвижен како во сезона, шеталиштата се преполни, а во угостителските објекти се бара место повеќе.

На почетокот од мај со чартер летови на охридскиот аеродром ќе започнат да доаѓаат и првите организирани групи странски туристи, кои според извршените резервации, оваа година ќе ги има во значително пооголем број на охридската ривиера.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ