Владата одлучи, ќе се гради нова заграда за државниот Архив

Државниот Архив ќе остане барем уште неколку години во зградата од проектот Скопје 2014 и ќе се соочува со сериозни проблеми во работењето и чувањето на архивскиот материјал. Владата на вчерашната седница одлучи Архивот да не се враќа во стара зграда, изградена за таа намена, туку да изгради нова во која би се сметил архивиот и депото.

Од Владата нема одговор на која локација ќе се гради, кога ќе почне изградата и колку тоа ќе чини.

Во стариот објект на Архивот, каде се наоѓа и главното депо и Институтот за национална историја, ќе се всели Обвинителството за организиран криминал. Градежните работи финансирани од европски фондови финишираат и објектот веќе е пренаменет за потребите на обвинителството.

Директорот на Архивот, Кирил Петров, останува на ставот дека Архивот требало да се врати назад, но вели дека е задоволен и од ова решение на Владата.

Сега за сега две локации се во игра каде би се градела новата зграда за Архивот.

Она што е клучно е дека новиот објект мора да биде изграден исклучиво за таа намена а тоа бара специфични решенија во поглед на конструкција, вентилација и водовони и електрични инсталации. Во Македонија досега ниту една домашна фирма не градела ништо ниту приближно до Архив.

Според истражувањето на тимот од БИРН, изградбата на објектот во кој што сега е сместен Државниот архив, еден од најпрепознатливите од прокетот „Скопје 2014“, траеше повеќе од четири години и чинеше 42 милиони евра. Во објектот кој прокиснува при најмал дожд  се сместени и Уставниот суд и Археолошкиот музеј. Инвеститори беа СОЗР, Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство. Одговорност за сите пропусти при градбата досега никој не побарал.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ