Тасева : Aнтикорупционерите беа политички принудени да дадат оставки

Претседателката на Транспаренси Интернешнл, Слаѓана Тасева, тврди дека членовите на Aнтикорупциската комисија биле политички принудени  да си поднесат оставки од функцијата.

Целта била до јавното обвинителство да не пристигнат нивните извештаи за повеќе предмети за корупција за актуелни функционери. Доказ за тоа, вели Тасева е фактот што ревизорскиот извештај за работењето на Антикорупциската комисија бил готов уште пред 10 месеци, а неговата содржина е објавена неодамна.

Петте членови  на антикорупциската комисија си поднесоа оставки веднаш по објавувањето на ревизорскиот извештај додека двајца членови, Сузана Таскова Аџикотарева и Најдо Спасевски тоа не го сторија.

Власта во Собранието дури беше подготвена и да го промени законот за да може да ги разреши членовите ако сами не си поднесат остaвки.

Обвинителството отвори предмет за последниот состав на антикорупциска по допрен глас и излегувањето на извештајот дека се трошело сомнително за патни трошоци и кирии. Ова за дел од членовите на комисјатата беше оквалификувано како оркестрирана хајка против институцијата.

Јулијана Пешевска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ