
Завршни зборови за случајот со малиот Алмир
Во кумановскиот суд денеска на судското рочиште за случајот со смртта на четири годишниот Алмир одбраната ќе даде завршни зборови.
Се очекува адвокатите на семејството Алиу да го отворат прашањето за лиценците на експертите кои го извршиле невропсијатриското вештачење. Адвокатите тврдат дека му била истечена лиценцата на вештакот.
А врз основа на тоа вештачење е направена и преквалификација на делото од „убиство“ во „сообраќајна несреќа со смртни последици“. По што од притвор беше ослободен Бобан Илиќ.
Случајот со смртта на малиот Алмир предизвика граѓански протести на кои се бараше правдата да профункционира, а овој случај како причина за својата оставка го наведен и министерот за правда од редовите на ДУИ. Премиерот Заев повика дека не треба да дозволиме овој случај да предизвика било какави поделби во општеството.