
Заев: Владата не отстапува од прогресивниот данок, но за прагот ќе се дебатира
Не треба да се плашиме од ниту една реформа, но таа мора да биде исцрпена преку дебатата која допрва почнува, сега е се уште преуранета. Откако министерот за финансии Тевдовски го кажа својот став дека треба да се воведе стапка на прогресивен данок од 18 отсто за приходите над 1.000 евра, а вицепремиерот Анѓушев рече дека оваа сума треба да биде повисока, премиерот Зоран Заев денеска вели дека Владата не отстапува од прогресивниот данок, но за висината на прагот, допрва ќе го слуша гласот на јавноста. Ние не сме слепи имплементатори на нешто што сме ветиле или го има во некој докумет, но факт е дека сме левичари и сакаме пераведно оданочување, правично и фер општетство за сите, рече премиерот Заев.
„Не може и тој што зема 10.000 денари плата и тој што зема 10.000 евра плата да плаќаат ист данок, тоа не е фер општество. Дај Боже да земаме сите по 10.000 евра плата, па да платиме повисоки даноци Оттука преку дебата ќе ја одмериме границата на другата стапка што треба да биде воведена, а таа дебата треба дополнително да стигне до оние 3,4, 5 проценти горе, дури можеби и помалку од 5% кои се екстремно богати и реално е да платат повеќе“, рече премиерот Заев.
Со дополнителните буџетски средства што ќе се остварат преку прогресивниот данок, ќе се зголеми социјалната помош на 12 илјади денари, ќе се воведе бесплатно болничко лекување, а платите на лекарите ќе се зголемат на 100 илјади денари.
Премиерот не сакаше да го каже својот став колкав треба да биде прагот над кој ќе се воведе прогресивната стапка, дали 1.000 евра или повеќе, ако тоа го сторам сега, вели, тоа ќе влијае на дебатата, да ја оставиме да тече и да се изјаснат експертите, бизнисмените, младите луѓе., премиерот треба на крајот да извлече заклучок.
Но, Заев е дециден дека оваа сума не смее да биде дестимулативна за младите луѓе, особено за информатичарите и инжинерите, кои веќе најавуваат дека оваа мерка може да ги избрка од земјава. Нив мора да ги задржиме овде, вели премиерот, а за информатичките компании најави нова стимулативна мерка, данок на добивка од само 3 отсто.
„Размислуваме за воведување данок на добивка од 3 отсто са компаниите од информатичката технологија, софтверски аспект, со цел да ги мкотивираме големикте компании да дојдат овде, тоа ќе значи отворање на работни места“, рече Заев.
Повторно се огласи и вицепремиерот Анѓушев, со речиси ист став како премиерот Заев, прагот, вели не може да се каже сега, бидејќи се потребни длабоки математички анализи и пресметки.
„Јас само отворив дилема дали 1.000 евра е можеби низок праг и дали може би ќе ги дестимулира младите луѓе кои стигнале до таа плата. Ценам дека треба да водиме грижа за младите високообразовани кадри и да ги стимулираме да останат во Република Македонија“, рече вицепремиеро
Вицепремиерот е согласен дека треба да се воведе прогресивен данок, бидејќи треба да се обезбеди поголема социјална правда.
Нина Нинеска-Фиданоска