Градежништво испорача барања за поголема активност

Владата ќе го прифати барањето на градежните компании повластената стапка за ДДВ за прва продажба на станбен простор да остане иста и во следните 5 години. Доколку стапката од 5 % за ДДВ се зголеми од следната година како што се планираше, градежните фирми велат дека ќе бидат принудени да отпуштаат вработени, а становите ќе поскапат.

„Да се пролонгира до 2023 за да не се случи да поскапат становите и да се намали изградбата на станбен простор“, кажа Ивица Јакимовски Сојуз на стопански комори.

Во Скопје се гради неплански, признаваат градежниците, но за тоа не се виновни инвеститорите. Централното подрачје ќе остане најатрактивно и затоа треба планско носење на норми и стандарди.

Во Центар е невозможно да не се гради, но потребно е да се гради со план. Апел до општините да носат нови ДУП со повисоки стандарди, но прво да направат инфраструктура.

Градежната комора уште побара почитување на постапките за издавање на електронски одобренија за градба за да не се одолговлекуваат инвестициите во градежништвото и дополнителни трошоци за компаниите и граѓаните.

Фирмите од овој сектор очекуваат стабилизирање и подобрување на состојбата во градежништвото согласно најавениот буџет и инвестиции и уверуваат дека со 44 000 работници и 45 00 фирми имаат капацитет да одговорат на инвестицискиот циклус во патната инфраструктура.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ