Владина реконструкција во април

Премиерот Заев го информирал Ахмети за најновите моменти околу разговорите со Грција за името, носењето реформски закони и проширувањето на парламентарното мнозинство. Претстои клучен период за земјата а ставот на владејачката коалиција е да ги отвориме вратите за сите, рече Заев.

Заев вчера се сретнал и со собранискиот спикер Талат Џафери каде била договорена агендата за носење реформски закони кои се превидени со Планот 3-6-9. На 10 април на пленарна седница ќе се најдат Законите за судовите, за заштита на сведоци, за следење на комуникациите, промените за ДИК и други закони.

За носење на реформските закони неопходно е двотретинско мнозинство, што во моментов не може да се обезбеди поради неприсуството на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во работата на законодавниот дом. Од партијата велат дека се уште немаат донесено одлука за нивно враќање а доколку одлучат тоа да го сторат, ќе треба да се произјаснат највисоките партиски органи.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ