Констатирани oставките на Пендаровски и Ковачевски

Собранието ги констатираше оставките на пратениците Стево Пендаровски и Васко Ковачевски. Исто така беше констатирано и престанок на функцијата министер без ресор, која досега ја извршуваше Самка Ибраимовски, кој даде оставка на функцијата и најави дека ќе се врати во пратеничките клупи. За негов наследник, најверојатно ќе биде избран адвокатот Аксел Ахмедовски од Делчево – одлука која ја потврди и самиот Ибраимовски кој, за Телма потврди дека Партијата за еманципација на Ромите едногласно одлучила тој да биде предлогот до владата.

Во моментов, во собранието трае паузата, по што ДИК се очекува да го извести собранието за тоа на кој кандидат од пратеничката листа ќе му се верифицира мандатот за наследник на Пендаровски, кој заминува на функцијата национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО, и за наследникот на Ковачевски, кој ја доби директорската позиција на РЕК Битола.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ