
Од 1-ви април поевтини лекови на рецепт
560 генерички иновативни лекови поевтинуваат, а позитивната листа ќе се проширува со парите од заштедата. Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека некои лекови ќе поевтинат и до 40 проценти.
Во иднина најави дека проширувањето на позитивната листа ќе биде полесно откако неколкуте комсии со 17 члена, ќе се замени со едно тело кое ќе одлучува брзо и ефективно. Министерот обелодени и нови детали за измените на Законот за лекови и медицинските средства кој беше повлечен од собраниската комисија за дополнително да се поправа, а се однесуваат на паралелниот увоз на лекови.
Прaшан за недостигот на лекови со рецепт по 15-ти во месецот, Филипче вели дека дополнително ќе се обезбедат залихи на лекови од фондот. Ќе се промени начинот на плаќање кон аптеките за лековите издадени на рецепт и во иднина нема да има проблем, уверува Филипче.
Павле Беловски