Потребна е независна контрола на полицијата

Ефикасен надворешен механизам за контрола на полицијата е неопходен, пред се затоа што ќе биде независен од структурите на МВР но и ќе има голем кредибилитет во јавноста, сметаат експертите од областа на безбедноста кои дискутираа во работната група во Собранието.

Од МВР велат дека целта е да се надминат проблемите од минатото, кога се правела лажна и фингирана контрола во МВР со цел , неда се истражат и казнат, туку да се заштитат и да станат недопирливи полицајците кои употребиле прекумерна сила и го прекшиле законот.

Парламентарната контрола на безбедносниот систем до сега беше со ограничен капацитет и се сведуваше на туристичка посета и пиење кафе во УБК, рече пратеникот Емил Димитриев, кој е претседател на Комисијата за надзор и следење на комуникациите а ги критикуваше и дел од законските одредби за прислушкување на што доби одговор од неговата колешка Ременски, дека не е во тек со преговорите за реформите во безбедноста.

Со законски измени се предвидува и специјализирани обвинители пред посебно судско одделение да ги гонат полицајците кои го прекршиле законот.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ