
Никола Митревски – Кољо е во Шутка, откако сам се пријавил во полиција
Никола Митревски – Кољо, еден од осомничените за настаните од 27 април, попладнево во 16:00 часот, сам се пријавил во полициска станица, по што бил спроведен во истражниот затвор Шутка, потврдуваат извори за Телма.
Митревски е еден од осомничените кој повеќе месеци беше недостапен за истрагата, и му беше определен притвор во отсуство. Вчера, Обвинителството не поднесе обвинение против него, токму поради неговата недостапност.
МВР го бараше со потерница, заедно со уште тројца обвинети за минатогодишните настани во „Собранието“.
Тој е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста според член 313 од Кривичниот законик.