Пронајдено телото на актерката Шабани во САД

Полицијата во Лас Анџелес соопшти дека пронашле женско тело за кое се верува дека е актерката со македонско потекло, Адеа Шабани која исчезна пред повеќе од еден месец.

Истражителите веруваат дека станува збор за телото на 25-годишната актерка, но ќе се чекаат дополнителните анализи за да се утврди идентитетот.

Полицијата се сомнева дека Шабани е убиена од страна на своето момче.  33-годишниот Крис Споц викендов изврши самоубиство откако претходно бегаше од полицијата. Според локалните медиуми, постоел сведок кој видел како Шабани била насилно турната во багажникот на автомобилот на Крис.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ