
Димитров: Слеано пишување на одредница со името Македонија не е сложено име
Два дена пред новата рунда разговори во Виена со посредство на медијаторот Метју Нимиц, шефот на македонската дипломатија Димитров не открива конкретни детали од процесот. Сепак тој во вечернашната Топ Тема на Ваша страна индиректно посочи дел од македонските црвени линии. Географска одредница да, но за дистинкција од територијата во Грција, а не за обезличување на македонскиот јазик, народот и државата. Димитров го повтори ставот кој го кажа по средбата со својот грчки колега Коѕијас во петокот, дека за Македонија неприфатливо е слеано пишување на одредницата со името Македонија. Димитров вечерва предочи дека неприфатливо е и име без превод. Тој за средбата со Коѕијас во Скопје минатат недела рече дека имала само извесен напредок.
„Суштината на компромисот, доколку е можен, е на два столба. Едниот е Македонците мора да бидат Македонци што го зборуваат македонскиот јазик, бидејќи стравот од конкретизирање со одредница на името ’Македонија’ ќе биде невозможно да се покрие. Тој страв мора да биде покриен соодветно за воопшто да може ние да се отвориме за географска одредница. И тоа што јавно го соопштивме географската одредница е врзано со ова, не е безусловено. Исто така таа географска одреница не може да биде недостинствено. Практично го нема нашето во слеано име. Ниту пак слеано е сложено име“, изјави Димитров.
Тој појасни дека во личната карат за една држава членка на ОН во графите се именуваат името на државата, придавка за јазикот – како се именува тој, државјанството и кратенката. Димитров во Топ Тема на Ваша страна појасни дека во послендиот предлог на Нимиц не е јасно кажано дека предложеното име за решение треба да биде непреведено.
„Ние не може да биде специјални или да се чуствуваме како некаков посебен случај. И кога велам достоинствено, не можам да го откривам Нимиц и нашите позиции, но не може да биде непреведлив, посебен и специјален и т.н.“, рече Димитров.
Шефот на македонската дипломатија рече дека ако целта на разговорите е да се најде достоинствена дистинкција меѓу Македонија и регионот во Грција – е можно. Ако е целта да бидат Македонците и македонскиот јазик избришани – нема да има решение.
„Нашата цел е да има достоинствена дистинкција, притоа зачувувајќии кои сме што сме, достоинствено и без понижување“, изјави Димитров.
Шефот на дипломатијата за протерувањето на рускиот дипломат и заканите кои стигнаа од Москва дека земјава ќе сноси последици за тоа рече дека не сака да калкулира што би направила Русија.
„Колку и да сме мали или небитни има работи зад кои мислам дека вреди да се застане. Може држи аргументот дека кога играат големите малите треба да сотојат на страна, но кога нашите интереси се во прашање мудро е да се игра. Некогаш е поопасно да се вози во среде“, рече Димитров.
Тој притоа рече дека земјава сака да има добри односи со сите, но оти истовремено мора да ги следи своите стратешки интереси, а тоа членство во НАТО и ЕУ. Притоа тој рече дека Македонија ќе продолжи да ја убедува и Русија дека тоа е патот за стабилен Балкан.
„Ние треба да одлучиме каква ќе ни биде иднината. Ако ние сме одлучиле така и сме го нацртале патот во 1993 година, тоа мора да го почитуваат сите, па и најголемите играчи во геополитиката и тоа не може да се сведе: Ако не одите со нас ќе имате проблем“, рече Димитров.