
Протераниот руски дипломат ја шпиунирал Македонија
Протераниот руски дипломат од Македонија се обидувал да добие класифицирани информации важни за безбедноста на земјава. Ова денеска го соопшти шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, како втор аргумент поради кој МНР синоќа донесе одлука да врати еден руски дипломат е вратен дома.
„Се работи за лице што со своите делувања излегло вон својот мандат и одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи. Ова беше реакција што е во функција заштита на државниот интерес, на интегритетот на институците и на безбедноста на државата. Се работи за обид за добивање сензитивни информации и класификувани кои се важни за безбедноста на Македонија. Нашите сознанија се поткрепени и евиднетирани и немаме никакви дилеми дека такви обиди имало“, изјави Никола Димитров, министер за надворшни работи на Македонија.
Димитров соопшти дека одлуката е донесена по внимателно размислување и анализа. Рускиот дипломат чие име не се открива вчера беше протеран од Македонија во синхронизираната акција на над 20 држави во знак на солидарноста со Велика Британија откако таа беше, како што рече Димитров, нападната со хемиско оружје со труењето на поранешен руски шпион Сергеј Скрипл, на нејзина територија.
Димитров не коментираше каква би можела да биде реакцијата на Русија, со огле дека првичната остра реакција која стигна од Москва. Руската амбасада уште синоќа ја предупреди Македонија дека ќе сноси последици.
„Целосна одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна“, се наведува во рекацијата на руската амбасада.
Ваквото предупредување денеска беше засилено со најавата од официјална Москва дека декватно ќе одговори на протерувањето на руските дипломати, како и изјавата на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, дека нема да толерираат ваква дрскост.
„Секако ние нема да толериране ваква дрскост. Кога еден или двајца дипломати се протерани од оваа или онаа земја, додека шепотејќи ни се извинуваат, ние сме сигурни дека ова е резултат на огромен притисок и уцена, кои за жал се главната алатка на Вашингтон на меѓународната сцена“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворшени на Русија.
Со став за протерувањето на дипломатот денеска со став се огласи и британскиот амбасадор во Македонија која ја поздрави одлуката на Македонија, но не сакаше да коментира за одговорот на Русија.
„Ние многу силно ја поздравуваме вчерашната акција на Македонија за протерување на еден руски дипломат, како силно демонстрирање на солидарност. Не е на мене, како британски дипломат да коментирамна кој начин руската амбасада или Москва ќе одговори на тоа“, изјави Чарлс Гарет, амбасдор на Велика Британија во Македонија.
Поранешниот мнистер за надворшни работи на Македонија, Денко Малески смета дека добро е што македонската политика застанува рамо до рамо со демократиите од НАТО и ЕУ во координираната трансатлантската акција. За реакцијата на Русија кон земјава тој смета дека би било надвор од памет да се покажува сила кон мала земја како што е Македонија.
„Македонија мора да земе страна и практично рускотот поведение ја турка Македонија во сојуз со другите западни демократии. Проблемот што го има Русија со внатрешниот систем и односите со големите партнери не може да го решава преку грбот на мали држави како Македонија“, вели Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи.
Малески смета дека ова треба да ги замисли не само Русија, туку и САД, Британија, за нивно поголемо внимание кон сојузите со змејите како Македонија и нивна поголема поддршка во процесот на зачленување.
Тамара Грнчароска