Иванов: Одлуката за протерување на рускиот дипломат е избрзана

Одлуката на Министерството за надворешни работи  за протерување на рускиот дипломат е избрзана, смета претседателот Ѓорѓе Иванов. Повикува на воздржаност од вакви чекори во надворешната политика, за да се спречи можното нанесување на штета во остварувањето на стратешките цели на Македонија.

Во соопштението се додава и дека, претседателот, согласно позитивната законска регулатива, очекува да биде официјално информиран за посочените факти во јавноста, поврзани со овој случај.

Од ВМРО ДПМНЕ нема официјална реакција. Затоа, пак, реагираше нивната фракција, кои исто така сметаат дека владата избрза со одлуката.

Кекеновски потенцира дека истрагата за случајот Скрипаљ е се` уште во тек  и требаше да се почека да се најде виновникот, па потоа да се реагира. Земја како Македонија, што не е членка на ЕУ, вели, не смееше да си дозволи да зазема страна, особено затоа што над 10 земји  членки одбија да протераат руски дипломати.

На социјалните мрежи реагираа и од партијата Левица, велејќи дека вазалството не значи и меѓународна политика.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ