
140 пациенти во моментов се лекуваат во ГОБ 8-ми септември
ГОБ „8-ми септември“ станува најголем ковид центар – во моментов таму се лекуваат 140 пациенти. А , само во последното деноноќие се примени 18 пациенти. На кислородна поддршка се околу 100 пациенти . Директорот на болоницата д-р.Христијан Костов, вели дека повеќе позитивни пациенти и оние за кои се чека резултата се со средна и тешка клиничка слика.