Македонија протера руски дипломат

Министерството за надворешни работи вечерва соопшти дека протерува еден дипломат на Руската Федерација, поради случајот Скрипал.

„Министерството за надворешни работи објавува дека во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија заради случајот Скрипал, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година“, соопшти МНР.

Нелегалното користење воено хемиско оружје е спротивно со меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји, се додава во соопштението од МНР.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ