Преговарачката рамка на ЕУ со Македонија заглавена на реверзибилноста

Предлог-преговарачката рамка на Европската комисија за земјава е готова, но разликите во Комисијата за тоа, како ќе одлучува Унијата за реверзибилност на процесот доколку земјата покажа назадување, го кочи проследувањето на документот до земјите-членки. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, не исклучува на почетокот на идната недела да има решение за ова овој проблем, на кој закочи преговарачката рамка за Македонија.

Доколку тоа се случи, тој очекува земјите-членки поинтензивна дебата за преговарачката рамка за земјава, поради летните одмори и пандемијата со Ковид-19, да водат крајот на август и септември. Додека не се усвои преговарачката рамка не можат да стартуваат преговорите на земјава со ЕУ, за кои Димитров е уверен дека ќе се случат до крајот на годинава.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ