
Јанкуловски доби нов ректорски мандат
Никола Јанкуловски повторно е избран за ректор на универзитетот „Кирил и Методиј“. Тој освои убедливо мнозинство на денешните избори за ректор, и доби мандат да го води универзитетот од 15-ти септември годинава, до 15-ти септември 2023-та година.
Јанкуловски, кој е редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, беше меѓу седумтемина кандидати за ректор. Во записникот на универзитетската изборна комисија пишува дека нема неправилности и проблеми при гласањето и дека гласањето, во целост е спроведено законски.
Сакам да изразам огромно задоволство од изборниот резултат, во трката, во која учествуваа 7 кандидати, бидејќи подршка ми дадоа 552 професори што изнесува околу 64 проценти. Излезноста и покрај обидите за опструкција, како и поради последиците од Ковид состојбата, беше огромна, односно изнесува над 66 проценти. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на електоратот на УКИМ, кој ми ја даде својата подршка, но и на оние кои не го сторија тоа. Ја користам оваа прилика, најискрено да им ја подадам својата рака и да ги поканам на заедништво и соработка, се во насока на реализација на Програмата за работа за наредниот тригодишен период, заради која ми ја дадоа својата доверба, покрај досега сработеното и постигнатите резултати, рече Јанкуловски.
Од вкупно илјада 450 гласачи, за ибор на ректор гласаа 942-ца члена на наставно-научните совети. 106 ливчиња се неважечи, а 478 се неискористени. Не се гласаше на факултетот за драмски уметности.
Тројца од кандидатите и Ннезависниот академски синдикат го обвинија ректорот Јанкуловски дека со Универзитетската изборна комисија, насилно спроведуваат избори.