
Корона вирус го затвори кривичниот оддел на скопската Апелација
Ковид 19 и тројца заболени судии ги одложија активностите на кривичните совети на скопскиот Апелационен суд. Судот објави дека и наредната недела нема да функционира кривичниот оддел.
Тројца од судиите кривичари се заразени со корона вирус, а останатите 5-мина се во самоизолација. Станува збор за познати имиња во судската фела, а не се соопштуваат дополнителни детали како врз нив влијае заразеноста со новиот вирус. Претходно уште една судијка во кривичниот оддел била позитивна на Ковид 19. Апелациониот суд ги известува странките дека навремено ќе бидат известени кога кривичниот оддел ќе продолжи со работа.