
Нови 163 заболени со Ковид-19, тројца починати
Не се намалува бројката на новозаболени со коронавирус во земјава веќе трета недела. Со новите 163 потврдени како позитивни од 1.074 тестирања во изминатото деноноќи, во моментов во земјава има 3.284 активни случаи со Ковид-19. Најмногу случаи повторно има во Скопје – 70. Од другите градови по број се издвојува Тетово каде неколку денови по ред цифрата на новозаболени е двоцифрена, денеска 25. Двоцифрена бројка има и во Штип – 14. Следи Гостивар со 11, Охрид со девет, Дебар со шест, додека Куманово кое долго време беше жариште на коронавирусот, денеска бележи само двајца нови позитивни.
Скопје останува на врвот на листата со најмногу актинив случи 1.862, по што следи Тетово со 371, па Куманово со 269. Со троцифрени бројки на активни случаи се и Штип, Струга и Охрид.
Во изминатите 24 часа починале и тројца пациетни од коронавирус кои се лечеле во болницата „8 Септември“. Едниот пациен бил од Ресен и имал 42 години, како и двајца пациенти од Скопје на 71 година и на 83 години.
Во моментов во болниците од вирусот се лечат 425 заболени, но министерот за здравство уверува дека капацитетот на болниците за прием на нови пациенти не е загрозен. Според него здравствениот систем е подготвен и за есенскиот нов бран на вирусот кој може уште повеќе да ги наполни болниците.
„Ние пред нас сега имаме летни месеци. Изминатите пет-шест дена факторот на пренос е под единца и се надевам дека така ќе остане и дека во следниот период врз основа на тоа ќе видиме и намалување на бројот на пациенти, но ова го кажувам со резерва. Меѓутоа доаѓаат есенските месеци во кои што и времето нема да биде убаво, ќе бидат луѓето повеќе на затворено, ќе почнат да работата и школите и тоа се сериозни ризик фактори заедно со останатиот број на пациенти заради друга патологија која што очекувано би ги пополниле истите капацитети кои што се поплнети“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Зголемувањето на бројките би можело да доведе до дополнителни рестриктивни мерки.
„Во овој момент нема индикација за дополнителна мерка. Дополнителна мерка би значела рестрикција во движењето. Тоа е единственотот екстра од тоа што во овој момент се спроведува како активност на епидемиолозите на терен за да ја намали трансмисијата“, вели Филипче.
Филипче притоа најави средби со лидерите на верските заедници и со претствници на граѓанскиот сектор со цел да се работи на терен со граѓаните за почитување на мерките.
Тамара Грнчароска