Висината на казната за фирмата, која е виновна за хаваријата во  реката Брегалница, по резултатите на анализите

Висината на казната за фирмата, која е виновна за хаваријата во  реката Брегалница, која пред два дена побеле од густа течност ќе зависи од резултатите на анализите кои се прават во лабарторија во Скопје. Добра вест е што материјата која ја побеле Брегалница не е штетна за животинскиот и растителниот свет. Заминик министерот за животна средина Јани  Макрадули смета дека овој инцидент во реката Брегалница, како и во Велес покажуваат дека подитно е потребно вмрежување на локалните и државните инспектори, со цел поголема ефикасност на теренот.

Инспекторатот донел една мандатна казна, која е првична, а кога ќе се добија анализите ќе се донесе и конечната одлука за казната, која се движи од 3.000 до 100.000 евра. Анализите изминатите денови покажаа дека водоснабдувањето на Штип е безбедно.

Причина за еколошката хаварија во реката Брегалница е пукнато црево на цистерна на српска транспортна компанија, која пренесувала хемикалии за фирмата Техникал Текстајл во штипската ТИР зона.

Викторија Јованова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ