Филипче го разреши Зибери од директорското место во ЦЈЗ – Скопје

Разрешен е директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, д-р. Арбен Зибери, информира Министерството за здравство. За в.д. директор назначен е д-р. Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.
Од министерството за здравство наведуваат дека Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ