Поплавен патот Тетово – Јажинце

По обилните врнежи од дожд, поплавен е патниот правец Тетово – Јажинце, во село Доброште. Истиот е во прекин и сообраќајот се пренасочува преку локален спореден пат.

Екипи на општина Теарце уште вчеравечер почнале да интервенираат со багери и го срушиле горниот мост на реката Габорска во горниот тек, со што било спречено да се поплави селото Доброште. Реката се излеала долж коритото и го поплавила патот, а оштетени се неколку електични столба, а штети имаат и две хидроцентрали.

На терен се екипи на Македонија пат кои во моментов работат на расчистување на патот од наносите на камења и кал.

И реката Бистрица се излеала во село Теарце но таму има мали штети и ситуацијата е под контрола. Поплавени се неколку плевни а оваа река поплавила и три куќи во селото Јегуновце, но утрово и таму ситуацијата е под контрола.

Данијела Петковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ