
ВМРО-ДПМНЕ ја промовираше изборната програма „Обнова на Македонија“ во Битола
ВМРО-ДПМНЕ на ден пред официјалниот почеток на кампњата ја промовираше изборната програма „Обнова на Македонија“ во Битола. Во фокусот на говорницте беше економската и здравена криза и ветувања за нови политики и заздравување на економијата. Иако настанот првично беше најавен на една, се одржа на друга локација, а партијата се пожали на опструкции од локалната власт.
Знам дека многумина од вас се длабоко разочарани, тоа нема да промени ништо, но вашиот став и глас можат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денесак во Битола каде беше промовирана изборната програма Обнова на Македонија.
Измамите се веќе познати и веќе видени, не дозволувајте тие докажани лекции да се повторат. Не трошете енергија на нешто што не вреди. Не плашете се да го промените мислењето и да поддржите нешто што вреди, а Македонија вреди повеќе од се друго. Обновата е обнова на духот, победа над статус кво политиките, обнова на институциите, обнова на вредностите, рече Мицкоски.
На економските политики се осврна професорто Трајко Славевски, кои рече дека програмата се темели на 4 столба: ефиакасна држава, конкурентен приватен сектор, безбедна земја и подобри услови за живот на сите граѓани
Очекуваме заздравување на екомомијата уште во првит квартал на наредната година. намалување на стапката на невработеност на 10 проценти и креирање на доброплатени работни места. зголемување на платите за 25 проценти во наредните 4 години, рече Славевски.
Кардиологот Сашко Кедев на промоцијата на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ во Битола рече дека оснавна цел на партијата е да спроведе здравствени политики кои ќе ја вратат довербата на граѓаните во здравсвото.
Еден од основните столбови на нашата здраввена политика ќе биде враќање на пациентите во центарот на здрвавсеите политики бидејќи сите здравствени работници се таму кај што се поради пациентите, рече Кедев.
Утрово пред настанот ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение извести за промен на локацијата поради како што наведоа, опструкции од локалната власт. Не им бил отстапен просторот пред Центарот за култура, па настанот се одржа на плоштадот Магнлија. Од општина Битола велат дека не сакале да учествуваат во кршење на изборниот законик поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја почнува кампањата ден порано, а во барањето било наведено дека ќе се одржи промоција на изборната програма. Потоа партијата доставила друго барање, каде го побарале просторто за собир, па им бил отстапен плошадот Магнолија со напомена да се почитуваат мерките. Но, дел од присутните ги почитуваа а дел не. Некои имаа маски, некои не, а тешко се одржуваше и потребната дистанца.
Емилија Мисирлиевска