Ден Дончев: Вчерашните снимики со парите се стари и приватни

Ден Дончев тврди дека вчерашните снимики со парите и него се стари и приватни, а тврди дека разговорите се манипулација против него. Две од 4те снимки кои опозицијата ги поврза со улогата на екс директорот на Фондот за здравство Дончев со случајот Дијамед, не се разговори за таа зделка, тврди Дончев.

Приметливо е дека снимките се нецелосни и се вадени од контекст со цел во јавноста да се постигне одреден наратив. За првообјавената снимка, се што имав да кажам за случајот Дијамед, јавно и официјално го изнесов како директор на Фондот за здравство. Случајот е тежок околу 200 милиони евра. Да не заборавиме, како што е општо познато во јавноста, во банка во Монако се замрзнати 9 милиони евра, а во Македонија 2,5 милиони евра, на име на поранешната „сопственичка,, Вера Иванова. Второ објавената аудио снимка и трето објавената видео снимка се од приватен карактер и не се поврзани со извршување на мојата јавна функција. Објавената Видеоснимка по мое сеќавање е од поодамна и станува збор за снимка од приватен карактер.

Обвинителството има две истраги една против Дончев со пријава од Вера Иванова за рекет, една против Вера Иванова која е пред крај и се однесува на сомнежите при доделенета концесија за дијализа на фирмата Дијамед.  Од организиран криминал бараат пријавувачите на интернет да ги пријавуваат снимките во обвинителство.

Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција: Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција нема да постапува по нецелосни снимки и претпоставки. Во надлежност на Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција е откривањето на кривичните дела од економско финансиска природа. Обвинителството укажува дека секој што поседува докази дека е сторено кривично дело истото треба да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во обвинителството и да ги приложи доказите по што обвинителството ќе отвори предмет и ќе преземе дејствија за расветлување на случајот.

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и лисици и за Дончев и за Заев по објавените снимки, додека владеачката партија смета дека опозицијата врши манипулации како што правела со години наназад.

Снимките беа објавени на новоотворен јутјуб канал вчера. Дончев си даде оставка на почетокот на мај, опозицијата го обвини дека сака да избега, а тој рече дека е од приватни причини поради член на своето семејство.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ