
Дојран се подготвуваа за новата туристичка сезона
Дојранските угостители и индивидуалните издавачи на апартмани се подготвуваа за новата туристичка сезона. Спремни се да ги применуваат протоколите за работа што ги одреди Владата, но голем дел од нив не можат да се регистрираат на платформата Дома си е дома, за да ги примаат граѓаните – корисници на ваучерите за домашен туризам. Спиро Јовески вели дека три дена неуспешно се обидувал.
Општината вели дека ќе одреди тим којшто ќе им помага на угостителите, додека од Агенцијата за туризам велат дека е важна меѓусебната соработка и поддршка за да можат сите да имаат бенефит ова лето.
Дојран очекува дека годинава ќе има целосно исполнета сезона, со оглед на ситуацијата со пандемијата КОВИД 19.
Сузана Мицева