Ултиматумот на ДУИ неприфатлив за македонските партии

Заев нема да прифати пост-изборен ултиматум од ДУИ за премиер Албанец, а ги  повика и ВМРО ДПМНЕ да не го прават тоа. Убеден е дека национал – популистичкиот концепт ќе ги однесе ДУИ во опозиција.

Ултиматум од ДУИ нема да прифатат ниту од ВМРО ДПМНЕ.

Од ДУИ и денеска побараа поддршка за својата идеја.

Предизборната кампања официјално почнува во среда, а партиите веќе почнаа да се расправаат и на таа тема. Заев ги обвини ВМРО-ДПМНЕ за предвремен почеток и делење на пропаганден материјал и најави пријави.Тие, пак, го обвинија дека лаже за инфраструктурните проекти на кои деновиве им врши увид, иако е само претседател на партија. Иако се најавуваше кампања на социјалните мрежи, поради вирусот, партиите деновиве се интензивно на терен, меѓу граѓаните.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ