Во струмичкото училиште „Димитар Влахов“ денеска не се полагаше приемниот испит

Во струмичкото училиште „Димитар Влахов“ денеска не се полагаше приемниот испит за учениците во здравствената струка, насока медицинска сестра. Родителите не дозволија нивните деца да влезат на тестирање, револтирани што станува збор за 5 ученици коишто би требало да отпаднат, бидејќи паралелката е предвидена за 34 ученици, а се пријавиле 39 со сите петки.

Од училиштето изјавија дека на учениците ќе им бидат вратени документите и нов конкурс ќе се распише в среда.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ