
Медицинските сестри се од старт на корона кризата во првите борбени редови
Избегнуваат да си ги бакнат децата за да ги заштитат, посветени се деноноќно на пациентите. Медицинските сестри се од старт на корона кризата во првите борбени редови. Животот целосно им се промени, подолго време поминуваат со пациентите одколку со домашните. КОД разговараше само со неколку од илјадниците здравствени работници кои го одржуваат системот. Сведоштвата се на медицинските сестри од Инфективната клиника.
Во КОД уште и за Чаир кој е темпирана бомба по бројот на заболени, а струшко црна точка по бројот на мртви. Но и за невработенитр ренген техничарки од Осми септември кои 5 години чекаат вработување. Гледајте во КОД вечерва во 19.15 на Телма.