Црни вести за последните 24 часа: 11 починати од Ковид-19, 185 нови случаи

Бројот на заразени со корона вирусот надмина 5000 илјади, активни случаи има 2868.

Само во последните 24 часа нови 185 заразени и рекордни 11 починати од почетокот на пандемијата. – осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово.

Половина од новодијагностицираните повторно од Скопје дури 96.  Откако се еден период се стижија жариштата во Струга и Дебар – овие два града повторно на високо место во ковид билтенот.

Во Струга има нови 20 болни, Дебар 18.  А не стивнува ни ни новото жариште од семејната слава во Ресен не стивнува.

А, во другите градови бројките изгледат вака:

Тетово-14

Ресен-8

Охрид-7

Штип-4

Кичево-3

Велес-2

Куманово-2

Битола-2

Кавадарци-2

Гостивар-2

Свети Николе-2

Прилеп-1

Крива Паланка-1

Пробиштип-1

Скопје води во црната статистика по активни случаи 2440 . Во неколку општини во главниот град и понатаму има троцифрени бројки на заразени.

           Чаир – 3

           Гази Баба – 148

           Бутел – 133

  • Аеродром – 129
  • Центар – 126
  • Сарај – 125
  • Карпош – 115
  • Кисела Вода – 86

           Студеничани – 78

  • Ѓорче Петров – 69
  • Шуто Оризари – 65
  • Арачиново – 52
  • Илинден – 25
  • Петровец – 12

                Сопиште – 12

  • Чучер Сандево – 9
  • Нераспределен-6
  • Странец – 4
  • Зелениково-1

Инаку на Инфективна се за еден ден се примени  9 пациенти.  Па во моментов има хоспитализирано  101 пациент. На кислородна поддршка се 46 пациенти.

До утрово во   „8 Септември“ има нови 20 пациенти  и со тоа бројката на зафатени болнички легла достигна 133, на респиратор се 5 од нив. Поради напливот на пациенти и детската болница Козле се става на располагање како втор Ковид центар.

Таму ќе се примаат пациенти со лесна и средна клиничка слика. Има обезбедено 75 легла, а во моментов има примено 3 деца за кои се чека да стигнат резултати од тестирањето за корона.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во во Штип 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп  се лекуваат 76 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ