
Еврофокус: Интервју со францускиот амбасадор Тимоние
Францускиот амбасадор во интервју за Телма, помеѓу останатите теми, зборува и за потребата од промената на менталитетот како значен дел од македонските евроинтеграции. Во таа смисла тој како чуден го опишува и фактот дека во македонскиот политички систем , партијата која е на власт може да менува директори на училишта или болници.
“Секоја промена да биде предмет на силни спротиставувања и промени кај администрацијата или со фактот дека сме блиску до одредена политичка партија може да ја промени судбината на директор на училиште или на директор на болница е чудно. Тоа ни поставува многу прашања а тоа значи дека политика и политичките партии имаат многу големо влијание во политичкиот-административен систем. Особено во политичко –административниот систем кој го има овде, администрацијата треба колку што е можно повеќе да биде независна од сите и надвор од сите политички промени, затоа што е потребна стабилност кај администрацијата која е неопходна за водење на преговорите. Затоа во одредени области ќе треба политичката дебата да се води сепак до одредено ниво и внатрешните прашања да немаат влијание во односите со соседните земји, затоа што патот кон Европската Унија треба да биде стабилен пат и ние треба да знаме дека имаме стабилен партнер” – вели Тимони за Телма.