Продолжува да гори депонијата кај струмичко Добрашинци

Втор ден гори депонијата кај струмичко Добрашинци. Огромен чад се извива над Струмица, а  блиските села буквално немаат воздух од тешката миризба што се шири од депонијата.

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Струмица тврди дека намерно е запалена.

Ова не е првпат да гори депонијата „Шапкар“. Ова е честа слика особено во летниот период, кога има многу случаи на самозапалување. „Шапкар“ е предвидено да биде регионална депонија и таму да се депонира отпадот од целиот југоисточен регион.

Засега сепак, нема решение кој и како ќе управува со неа.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ