
Аеродром заздравува – во Чаир расте бројот на заболени
Еден новозаразен во општина Чаир заразува повеќеммина и се формира кластер, додека во општина Аеродром еден заразува најмногу еден до двајца. Интерните статистики на Центарот за јавно здравје во Скопје покажуваат дека заразата во најголемата скопска општина е под контрола, полека заздравуваат инфицираните, а бројот ново заразени заклучн со вчера е 12, а вкупната бројка нарасна на 125 случаи.
Сепак, работата на екипите од центарот за јавно здравје кои земаат брисеви е отежната, бидејќи заболените се распространите на голема површина.
На главниот град во црната статистика на пандемијата му припаѓаат 2243 заразени или 1507 активни болни.
Само денеска бројот се зголеми за 107 позитивни.
Загрижувачки е растот на заболени во најгустата општина во Скопје. Со безмалку 70 илајди жители, Општина Чаир заклучно вчера има 336 заразни граѓани или 4 пати повеќе од Кисела Вода која има скоро ист број на жители. Заразените доаѓаат од кластери кои веќе им се познати на државниот здравствен инспекторат.
Но, начинот на ширење е поинаков, бидејќи новозаразените формираат нови кластери, говорат интерените статиски на центарот за јавно здравје.
Причините се познати, а тоа е непочитувањето на социјалната дистанца и организирањето на прослави, дружења и собирања заради забава или од религиозни побуди.
Со нови 14 заразни заразни од вчера Гази Баба го надмина Аеродром и сега е втора скопска општина по бројот на активни случаи од корона вирусот.
Во првите 5 се и Бутел и Центар, додека од централните градски општини Ѓорче Петров има најмалку пациенти или 62-ца заразани.
Процентот на заболени е најголем во општина Чаир, една од средните скопски општини по бројот на жители. Од неодамна и во налет на вториот бран на заразата приградските скопски општини добија заболени, Чучер Сандево брои 8, а Сопиште 12.
Павле Беловски