Пресуда за Јанева – 7 год, за Боки 13 – 9 год, Русковска е убедена дека парите ги трошел Боки 13, тој и врати барај ги кај Заеви

Виновни се!

Вака Бојан Јовановски ја дочека пресудата, сам без присуство на неговата пријателка екс шефицата на СЈО Катица Јанева. И двајцата се осудени на затворски казни поранешната обвинителка Јанева на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба. Боки 13 на вкупно 9 за перење пари и незаконско примање награда. Го рекетирале бизнисменот Орце Камчев за да помине полесно со притворот во случајот Империја на СЈО.

Бојан Јовановски кога доби збор се разгневи. За малку ќе беше отстранет од судница во моментот кога наместо да се брани за притворот, ги спомена браќата Заеви а песудата ја нарече политичка.

Обвинителката Вилма Русковска, не е задоволна од висината на затворската казна за нејзината поранешна колешка Катица Јанева. За Боки 13 ја очекувала ама ќе се жаливели успеала да докаже во чиј џеб завршиле парите од рекетот.

Додека траеше судењето ако доказ беа изведени снимките на кои се гледа дека Боки излегува со торба луј витон од домот на Камчев, снимано беше и купче евра а имаше и фотографија на која пред катица има снопче евра. За адвокатите овие докази се недоволни.

Првата пресуда за рекет падна уште на стартот на судењето кога Зоран Милевски Кичеец призна вина и доби 3 години казна затвор, а во време на корона кризата е ослободен и од куќен притвор. Јовановски и Јанева пак остануваат во притвор и куќен притвор, а ги очекуваат и нови дела. Боки 13 за меѓународен сојуз, а за јанева има отворено предистрага но Русковска не сакаше да открие со што е поврзана. Во меѓувреме тапка во место истрагата за Империја која ја презеде токму обвинителството на Русковска, во која е осомничен Камчев. Според шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал работата е забавена поради пандемијата.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ