
Приватните болници веќе подготвуваат легла за пациенти со Ковид 19 и покрај тоа што немаат Инфективни оддели
Здравствените работници премногу се изморени, работат без престан три месеци а епидемијата наместо да стивнува се шири со голема брзина.
Во болницата 8 ми септември велат дека легла имаат, но кадарот е истоштен и болен.
Во моментов кај нив се лекуваат 110 мина со средна и тешка клиничка слика. Нови осум одделенија се отворени, но голем дел од персоналот е заразен.
На помош се пристигнати 16 мед сестри од внатрешноста и петмина интернисти.
Проблем е тоа што медицинскиот персонал веќе три месеци е во борба со ковид 19 визити траат 5 саати не е едноставно. Болницата има капацитет, ке отвориме оддели, тоа се 50 кревети, но проблем е медицинскиот персонал, се надеваме дека ке ни стигне на помош, изјави директорот на ГО “8-ми Септември”, Христијан Костов.
Од 8-ми септември вчера се префрлени 10 мина пациенти на инфективната клиника. Директорката вели дека во моментов помал е интензитетот на луѓе кои се пуштаат дома отколку на оние кои се примаат.
Државата ги става во функција и приватните болници за лекување на ковид пациенти. Оваа одлука ја донесе и во неа пишува дека оние кои се на лекување од други болести на приватно, а ке излезат позитивни ке продолжат да се лекуваат на приватните клиники.
Телма ги контактираше двете најголеми болници Систина И клиниката Жан Митрев, од каде велат дека се спремаат првите пациенти болни од корона вирусот.
Известени сме за одлуката која е донесена од Влада и чекаме да стапи на сила. Болницата веќе подготвува изолиран дел кој е целосно засебен каде ќе ги сместиме заболените со Ковид 19. Се прават интензивни припреми и протоколи за безбедност, опремени со современа опрема и целокупен медицински персонал кој ќе биде во служба на овие пациенти, потврди болницата Аџибадем Систина
Инаку речиси сите капацитети и на болниците во внатрешноста се исполнети. Најновите најави се дека освен болницата во Кавадарци можно е сите останати од внатрешноста да лекуваат и ковид позитивни пациенти.
Билјана Николовска