
Од корона вирус почина диџеј Ицко
Утрово, на 48-годишна возраст почина Ристо Меловски, познат како диџеј Ицко, кој долги години работеше во „Антена 5“. Меловски почина како последица на компликации од коронавирусот.
Неговите колеги, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии со познатиот диџеј, изразувајќи жалење поради прерано згаснатиот живот на човекот кој со својата дарба придонесе кон развојот на македонската електронска сцена.
Веќе 10 години беше дел од најголемата радио станица во Македонија. Се смета за легенда одговорна во најголем дел од развојот на електронската сцена во Македонија на највисоко ниво, а неговите емисии на радио се добро познати и надвор од Македонија.
48-годишниот Ицко подолго време бил хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие битката со вирусот.