Ресен станува ново жарише на КОВИД 19 по семејна прослава за Спасовден

Ресен станува ново жарише на КОВИД 19 по семејна прослава со повеќе  гости на православниот  празник Спасовден. Градот кој во изминатите три месеци  немаше ниту еден позитивен, сега за само 6 дена регистрирани се вкупно 32, а најголем дел формираат  семеен  кластер  заразени на славата. Ваквата сосотојба ги мобилизираше здравствените власти и локалната самоуправа, па за да се спречи ширењето на болеста  се затворија  фабричките хали на три најголеми компании со 700 вработени, како и некои кафулиња.

Коронавирусот ја парализира локалната ресенска екoнмија. Под клуч се сите пголеми производствени поогни, како и дел  од угостителските објекти.

Ресен никогаш не бил попразен,  иако на прагот е туристичката сезона. Раздвиженост речиси и да нема, а ресенчани  велат дека болеста носи и сиромаштија.

-Во Ресен остана само Агроплод, Преспатекст, некои угостителски објкти. Доаѓа лето,  плажите и тие ќе се затворат, економијата нула, вели ресенчанец

-Кафичите празни што дако  се отврени, вели жител на Ресен.   

Празни   се и дуќаните, а на пазарот во Ресен  ретки се и  продавачите и  купувачите.

-Не можеме да извадиме пари за да платиме фактури, тезги, магацини.  500 денари денот немаме промет, дали да јадеме, пиеме или сметки да плтиме, вели сопсвеник на тезга.

-Нема ништо, мртов живот е ова, вели продавачка.

Градоначалникот, Живко Гошаревски, вели дека оваа туристичка сезона се подготвувале за домашните гости, за што отпочнал и процес  на категоризаија на приватните сместувачки капацитети во   Преспа. Но,сега се е неизвесно.

-Ние го имаме се она што секој турист би  го поскал за оваа сезона, природа и изолираност, за што имаме и кампања, но рано е да се прогнозира било што, здравјето на гражаните е пред се, изјави Живко Гошаревски, градоначалник на Ресен.

Првиот случај во Ресен беше регистриран на 10 јуни. Ден потоа ресторанот Две Лири објави дека објектот ќе биде затворен затоа што еден вработен е позитивен на КОВИД-19. Во наредните денови се зголемуваше бројот на заразени, а денес има 7 новозаболени. Сега епидемиолозите ја утврдуваат поврзаноста на сите случаи. Од Центарот за јавно здрваје велат дека и денеска се прават епидемиолошки анкети, а досега во изолација се 110 ресенчани кои имале контакт со 32 позитивните на КОВИД-19, од кои еден почина.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ