
Вработените во 8-та штипска конфекција, во која се рашири корона вирусот не носеле заштитни маски
Неносење на заштитни маски и групирање за време на паузите се причина за ширење на коронавирусот во осмата штипска конфекција, каде што досега се регистрирани три позитивни, а десетина работници се ставени во изолација, покажа денешниот увид на епидемиолозите од штипскиот Центар за јавно здравје. Штип денеска го нема во здравствениот билтетн, па останува со 202 кативни случаи, но епидемиолозите веќе неколку дена ги чекаат резултатите од над сто брисеви, меѓу кои и за 53 те текстилни работнички од првата конфекција, која беше затворена кон крајот на мај.
Добра вест е што петмина излекувани штипјани од коронавирусот денеска доброволно дададоа брисеви за можни донори на крвна плазма.
-Ова е во организација на штипскиот Центар за трансфузиологија, а откако ќе се испратат брисевите во лабароторијата во Скопје ќе се знае колку од овие хумани и излекувани пациенти ќе можат да даруваат крвна плазма,за пациентите кои се лекуваат, вели Марија Димитрова директор на Центар за јавно здравје-Штип.
Досега 11 оздравени од корона вирусот покажале интерес да бидат донори, а анализите направени минатиот период покажаа дека само двајца од нив можат да донираат крвна плазма.
Викторија Јованова