
Најголем број починати до сега, деветмина и 162 нови случаи на заразени од корона вирусот
Деветмина починати од Ковид 19. Ова е црната статистика за денеска за смртни случаи во земјава за само едно деноноќие и е најголема до сега од почетокот на епидемијата с окорона вирусот.
Тројца од нив се од Скопје, двајца од Тетово и по еден од Прилеп, Струга, Велес и Гостивар. Сите се на возраст од 58 до 81 години. За пациентката од Гостивар која е и најмлада од починатите постмортем се утврдило дека е позитивна на корона вирусот додека шестмина од нив биле хоспитализирани во болница на само два до три денови пред да починат.
И денеска бројот на нозоваболените не е оди на подобро. 162 и тоа без тестираните во приватната клиника Жан митрев. Овој број на новозаболени доаѓа од 778 тестирања што значи дека дури 21 процент од тестираните се покажало дека се заразени.
Најголем број повторно се од скопје 92 и тоа се повеке од половина, тетово се 32 ца, ресен нагло се зголеми бројот и денес се 14, дебар петмина охрид 4 ца, струга и куманово по тројца прилеп и гостивар по двајца и по еден Штип Струмица Крива Паланка и Свети Николе. Оздравени пак се петмина.
Но во меѓувреме се полнат и болниците. На Инфективната клиника лежат 96 пациентиво гоб 8 ми септември 77 пациенти. Во Битола се 22, во Штип 20 а на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп вкупно 63 ца. Меѓу ново примените е и младо момче кое лежеше на штипското инфективно,иако не е потврден случај. Состојбата му се влошила па итно е префлен во 8ми септември.
Инаку во Штип кој е четврти град на листата по активни случаи во моментов има 20 хоспитализирани а капацитетот е 33 ца. Ако има потреба, можат да се ослободат уште дополнителни 15 кревети од Неврологија, кое се наоѓа во истата зграда како и инфективното одделение.
Тетово пак е трет по заразени во земјава но најголем дел од пациентите се транспортираат во скопје.
Од оние кои ја победија короната пак е обезбедена плазма за лекување на 23 пациенти со ковид-19 соопштија од Министерството за здравство. Но во моментов има вкупно 2159 активни случаи.
Билјана Николовска