
Оставки на Калајџиев и Цаца Николовска од советот за граѓански надзор над прислушкувањето
Гордан Калајџиев и Маргарита Цаца Николовска поднесоа оставки како претседател, потпретседател и челнови на Советот за граѓански надзор над прислушкувањето. „По долга и неуспешна битка да профункционира, јас и Маргарита Цаца Николовска поднесуваме оставки како претседател и подпретседател и како членови на Советот за граѓански надзор над прислушкувањето. ПС поздрав до Прибе!“- објави Калајџиев на Фејсбук.
Маргарита Цаца Николовска пак во телефонски разговор за Телма како причина за повлекувањето го наведе тоа дека немале никакви инструменти и средства за да функционира тој Совет. Таа, е скептик дека ова тело ќе може понатаму да функионира, така како што е по закон одредено, бидејќи има големи законски пречки.