
ВМРО ДПМНЕ не учествува на избори на петти или осми јули
„Утре е предоцна. На крајот на денешниот ден истекува последниот термин власта да се вразуми.“ Со овие зборови лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски јасно порача дека нема да учествува на избори доколку се одржат на петти или на осми јули.
За опозициската партија, прифатлив термин е средината на јули и почеток на кампања ден по пристигнувањето на ОБСЕ ОДИХР.
Мицкоски го објаснува огласот што на својата страница го објави ОБСЕ ОДИХР. Се огласува седумчлена оценувачка а не набљудувачка мисија, која најрано може да пристигне на 20 јуни.
Доколку СДСМ упорно организира избори на петти или на осми јули, ќе предизвика политичка криза, предупредува Мицкоски.
И ДУИ апелира на договор, бидејќи по вонредната состојба влегуваме во уште поголема политичка вонредност која се заканува со политичка криза.
Завчера кај претседателот Пендаровски имааше дво и пол часовна средба Мицкоски-Заев во обид да се договори термин за избори.
СДСМ инсистира на петти односно осми јули и на почитување на Владината уредба за продолжување на изборните дејствија веднаш по завршувањето на вонредната состојба.
Соња Николовска