
Просечната плата повисока за 1.275 денари од минатиот јануари, најмногу се офајдиле текстилците
Македонските граѓани во просек зеле 1.275 денари повисока плата за изминатата година. Државниот завод за статистика соопшти, а министерот за финансии Драган Тевдовски образложи како просечната плата пораснала за 5,6 проценти заклучно јануари 2018-та, достигнувајќи 24, 025 денари. Во однос на обвинувањата на опозицијата дека е променет моделот на пресметување, Тевдовски вели дека бројките се добиени од вистински исплатени плати, што, пак може да се заклучи и од порастот на прилив од уплатен персонален данок на доход.
„ Персоналниот данок на доход, освен даноци од плати содржи и данок на договори на дело, кирии, игри на среќа и слично. Ако се гледаат само приходите на персонален данок по плати во јануари 2018 година, тие се за 4,7 проценти повисоки од јануари 2017 година. Во февруари приходите по персонален данок на доход имаат раст од 8 проценти, а придонесите од шест проценти“, рече Тевдовски.
Со законските измени со кои се бетонираше минималната плата на 12, 000 денари според Тевдовски изминатива година најмногу се офајдиле текстилните работници.
„ Во кожарството има раст на просечната плата од 2.171 денар или 19 проценти, во споредба со јануари 2017 година. Во производството на облека, растот на просечната плата е 2.069 денари или 16 проценти. Во текстилната индустрија платата расте за 24 проценти, односно за 3.870 денари“, изјави Тевдовски.
Токму, од овие индсутрии пристигнаа и првите критки кон мерката. Според првиот човек на органзиациајта на работодавци, субвениците за изрмаување на минималната плата, пари одвоени од буџетот заглавиле во админитративни лавиринти.
Тевдовски им порача дека се уште се прават анализи, а траат и советувњата со работодавците, посочувајќи дека македонската економија се движи во добар правец. Од негативни 0,7 проценти, економскиот раст стасал до плус 0,7 отсто, нови 178 милиони евра инкасирале странските инвеститори во буџетот, а невработеснота се намалила до 21, 9 отсто, како главна причина министерот за финансии го наведе завршувањето на политичката криза.
Павле Беловски