Градоначалникот на Гази Баба во болница, уште една вработена во општината е позитивна на корона вирус

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски и уште една вработена во општината се позитивни на корона вирус.

Георгиевски поради болки во бубрезите, во понеделникот останал на домашно лекување, но откако вчера му се појавила болка во градите, бил упатен во клиничкиот центар каде му е направен тест, а чии резултатите покажаа дека е позитивен на ковид-19.

Во моментов, георгиевски е хоспитализиран на Инфективната клиника, а од општина гази баба за телма информираат дека е во стабилна состојба.

Потврда за позитивен тест на корона вирус има и за раководителка на сектор, која минатата недела на работното место имала контакт со лице од Дирекцијата за заштита и спасување, а за кое на осми јуни им било јавено дека е позитивен на ковид-19.

За сега, нема информации дали двата случаи на корона вирус во општина Гази Баба се поврзани. Сите во општината, кои имале директен контакт со градоначалникот и вработената се испратени дома, и се чекаат насоки од епидемиолозите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ