Алармантна бројка на нови случаи со Ковид 19 во Тетово – регистрирани 45

Дури 45 нови случаи со Ковид 19 се регистрирани во изминатото деноќие во Тетово и околните општини. Вкупната бројка достигна 381 случај, од кои 210 активни болни лица, а од почетокот на пандемијата досега во овој регион починаа 26 пациенти. Деновиве најголем дел од новодијагностицираните се асимптоматски или случаи со полесна или средна клиничка слика, а се зголемуваше и бројот на млади пациенти. Епидемиолизите велат дека секој нов класте носи нови случаи, па затоа е многу важно да не се кријат контактите и сипмтомите на заболените лица.

Се зголеми бројката на заразени со коронавирус и во гостиварскиот регион. Денес се регистрирани 6 нови случаи во Општина Гостивар и 3 во Општина Врапчиште. Позитивен бил и тестот, кој пост мортем бил земен од почнат пациент во болницата. Според информациите од медицинските служби истите се од тридневни тестирања. Со новите, вкупната бројка на активни болни во гостиварско достигна 40. Службите очекуваат резултати од уште 20-тина брисеви коишто се земени последните два дена. Докторите велат дека мора да научиме да живееме со вирусот.

Во однос на контролите за почитување на мерките за заштита, во изминатото деноноќие на тетовското подрачје за неносење маски полицијата казнила 85 лица, додека во гостиварско 42. Во координација со Државниот пазарен инспекторат ноќеска е затворен угостителски објект на улицата „Илинденска“ во Тетово во кој не се почитувале протоколите за работа, а контролирани биле вкупно 22 угостителските објекти во три тетовски општини.

Данијела Билбилоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ