ИВЗ пет години не поднел завршна сметка, државните институции и понатаму индиференти на кршењето на законите

Антикорупционерите ќе бараат одговорност од раководството на Централниот регистар бидејќи од ИВЗ пет години наназад не е поднесена завршна сметка а ракодовството не превзело ништо околу очигледното кршење на законите и процедурите. Од Комисијата најавија дека работа ќе има и за советот на Обвинители каде ќе поднесат преставка откако беше одбиена нивната пријава против градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, која се однесуваше на дивите платфроми на Матка

Од Антикорупцика објаснија дека во случајот со ИВЗ постапувале по пријава од ноември минатата година која истовремено била доставена до УЈП, Финансиската полиција и Обвинителството и дека тие го испитувале постапувањето на надлежните институции кон ИВЗ а не финансиското работење на ИВЗ за кое не се надлежни. Антикорупционерите ќе го чекаат и изјвештјот на УЈП од надворешната контрола на ИВЗ спроведена во февруари пред да превземат евентуален нов чекор.

Околу наводите за финансискиот криминал во ИВЗ од Антикорупциска соопштија дека тоа треба да го утврди Обвинителството каде што е отворена предистрага.

Дивите платформи на Матка, остануваат во фокусот на Антикорупционерите иако Обвинителството ја одби нивата пријава против градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, за злоупотреба на службената положба и несовесно работење. Оттаму остануваат на ставот дека Беџети намерно не ги тргнал платофрмите и им овозможил на сопственици да  спопанисуваат со дивоградби во заштитен појас и да остваруваат профит од превозот на патници

Антикорупциска е на ставот дека случајот Матка е комплескен предмет и вината не е само кај градоначалникот Беџети и затоа ќе бараат од Владата да ги задолжи министерството за транспорт и врски и градежниот инспекторат да постапат согласно законите и да ги отстранат платформите.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ