Се прегледуваат камерите кој ја украл изјавата на родилката на ГАК

Снимките од видео камерите во клиниката за гинекологија и акушерство каде што се чува документацијата и се врши прием на пациенти треба да откријат кој влегол и ја скинал изјавата од родилката во која не пријавила дека во семјството посоти сомнеж за заразен од ковид. Документот е откинат и недостига покажал наодот на државниот здравствен инспекторат кој,пак, втор ден трага по скопјанката која се лекуваше, породи и престојуваше во три болници за да и го предаде решението за самоизолација.

Директорката на ГАК пријавила во МВР, а полицијата потврди дека собира докази. Јавното обвинителство чека истрагата на МВР да заврши и да добие кривична пријава за да одлучи дали и кого ќе гони. Но, со ова не се согласува семјеството на родилката кое тврди дека таа отишла на лекар еден пред свекорот да добие решение за самоизолација.

„ Имено пациентката е однесена на УК за Гинекологија и акушерство на 6 Јуни поради крварење додека свекрот добива известување на 7 Јуни, еден ден после примањето на пациентката на клиника, дека е позитивен на ковид 19 тестот. Веднаш откако дознавме за позитивниот резултат, ја известивме докторката која ја следеше ситуацијата на пациентот, и работи на ГАК. Бидејќи онаа не била на работа, пренесела на колегите кои веднаш потоа ја изолирале пациентката. На 7ми е пуштена дома, поради подобрување на нејзината состојба и неповолни услови за подолг престој.

Одговор од надлежните и семејството нема како Саљиу своеволено ја напуштила инфективната клиника откако претходно се породила во „Ремедика“’ каде што заради криење дека има свекор под сомнеж  за ковид во самоизоалција завршија 4-ца лекари. Родилката која е дипломирана на Медицински факултет е од видно, познато семејство на интелектуалци. Од исти прични затајување на податокот дали биле во контакт со заразно лице или лице во самоизолација 18 медицински работници од клиниката за гинеколгија се во самоизолација, а уште толку во родилиштето во Чаир. Освен што лажат во анкетните листови некои од пациентите и роднините барале од лекарите да ги соблечат скафандарите бидејќи ги плашело нивното присуство. Родилиштата бараат протокол за брзи тестови за ковид -19 за да се спречат невистини во анкетниот лист на пациентите, а на овој чанин да се заштитат здравствените работници чиј што број се ретчи, а се поглем е бројот на активни случаи на Ковид. Голем дел од пациентите воопшто не носат маски кога доаѓаат на преглед, откриваат од гинеколошките клиники.  Директорката на ГАК Јовановска вели дека постојано имаат притисок и закани заради што е засилено и обезбедувањето.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ