Блокиран советот на Општина Тетово

Советот на Општина Тетово е во застој. Откако се одржа конститутивна седница и изгласа буџетот, советот ниту носи одлуки, ниту пак заседава. Се уште не е избрано мнозинствотот на советот, претседавач и општински комисии. Дел од советници велат дека поради блокираниот совет, во градот ништо не функционира. Не може да се реализира ниту еден проект, без да помине на седница на совет.

И минатиот совет на Општина Тетово подолг период беше блокиран. Советот не можеше формира мнозинство. По долгите преговори мнозинството беше составено од ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, откако двете партии се договорија да ги прераспределат раководните функции во општината.

Драган Давидовски кој има најдолг стаж во советот на Општина Тетово, вели дека и застојот на новиот совет се должи на политички пазарење на партиите. Се надева дека разумот ќе преовладее, и што поскори ќе се избере мнозинството и претседавач на советот.

Од советничкатта група на ДУИ, велат дека што поскоро ќе се закаже седница на совет, каде ќе се избере претседател и останатите потребни тела. И градоначалничката на Тетово Теуат Арифи, вети одблокирање на советот на општината

Ако до 31 март не се изберат општински комисии и претседател на советот и не се изгласа завршната сметка на општината за минатата година, можни се нови избори за советници за Општина Тетово.

 

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ