Дали медицинско лице ја украло изјавата од документацијата на ГАК – сомневања на директорката Јовановска

Родилката која на две скопски гинеколошки клиники (државната ГАК и приватната Ремедика) не пријавила дека имала контакт со заразен и дека има сипмтоми на Ковид19 се испишала на сопствено барање од инфективната клиника каде бил асместена по породувањето и добила резултати дека и таа е заразена.

Истовремено некој успеал и да ја украде нејзината изјава од Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје во која дала лажни податоци што претставува тешко кривично дело. Наместо да работиме ние даваме изјави и проверуваме дали пациентките не лажат и не ставаат во опасност, изјави за Телма директорката на ГАК Викторија Јовановска која бара истрага од обвинителството и полицијата.

Првичните сомнежи се дека некој од медицинскиот персонал на ГАК ја украл изјавата на родилката.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ